[ВИДЕО] „Не знаев дека Југославија постоела“: Американка открива кои шест факти ги научила кога се преселила во Европа – ова е срамота

Точка

23/06/2025

11:42

1.382

Големина на фонт

а а а

Американката која на ТикТок објавува под корисничкото име Солдана, открила кои шест факти ги научила дури кога се преселила во Европа, поточно во Франција.

Таа рекла дека тоа се работи за кои не слушнала ниту во текот на своето образование и се пошегувала дека знае дека ќе зажали поради видеото.

„Јас сум „горд“ производ на американскиот јавен образовен систем, но морам да признаам дека ми е малку срам што ова никогаш не сум го научила“, напишала во описот на видеото во кое веднаш на почеток го спомнала Балканот.

„Хрватска, Србија и цел балкански регион ја составувале државата која се викала Југославија и тоа до неодамна“, ја започнала својата исповед за сопственото незнаење, како што сама нагласила.

Не знаела ниту за денот Д ниту дека јагодите не се одгледуваат во текот на целата година

„Ова е срамота, но не знаев што е ден Д. Искрена сум со вас. Не знаев ништо за Нормандија додека не отидов таму, од каде што е мојот вереник. Не знаев ниту дека Франција била окупирана“, раскажала таа.

„Јагодите не се одгледуваат во текот на цела година, како ниту многу друго овошје и зеленчук“, рекла таа.

За Луксембург мислела дека е само една од париските градини:

„Сите кралски семејства во Европа се во сродство, сите потекнуваат од ист тип којшто им ја поделил земјата ширум Европа и така настанале разни држави“, навела таа.

Шестиот факт којшто го споделил со нејзините следбеници е дека имињата за месеците во годината доаѓаат од Римјаните. Вели дека тие познавале само десет месеци и дека дополнително ги додале јули и август во чест на Цезар и царот Август.


Коментари

„Американците се паметни, се колнам“, заклучила на крајот од видеото и се пошегувала дека барем може да покаже каде се наоѓа Франција на картата.

Во коментарите луѓето навеле дека сега не знае баш сѐ.

„Информацијата за Карло Велики делумно е мит“, напишал некој следбеник, друг додал: „Јули и август не се додадени, само се преименувани. Септември е седмиот месец на римскиот календар којшто почнувал во март“.

Трет следбеник се надоврзал за коментарот за Југославија: „Не е цел Балкан Југославија. Некои балкански земји беа дел од Југославија“.