Туристичката сезона во Грција сѐ уште не го достигнала врвот, но борбата за место на плажа очигледно е дека веќе започнала.
Тоа најдобро го покажува фотографијата од популарната дестинација Полихроно во Касандра, каде веќе наголемо можат да се забележат плажи кои се покриени со пешкири – секако без луѓе на нив.
Оваа пракса за „резервирање“ место на плажа навечер за наутро, го изневерила Србинот Марко којшто на Фејсбук групата „Live from Greece“ ја споделил фотографијата и јасно изразил разочарување на однесувањето на сонародниците, тврдејќи дека ваквите сцени се навистина неподносливи.
„Не е Индија, не е Пакистан... Ова се српски туристи во Полихроно, лето 2025... Се согласувам дека Грците се безобразни во наплаќањето лежалки 10, 15, 20 евра плус консумација... Но, ова е дно.
Веројатно ќе наидам на осуди, но немам зборови. Ова е само дел, има уште 4-5 вакви „парчиња“ плажа кои се зафатени. Можеби ова е нормално, но првпат сум на Касандра и очекував многу повеќе, а што се однесува до цените, повисоки се од поединечни грчки острови“, напишал тој.
„Мене ми е срам да го гледам ова“
Под објавата на Марко се нижеле коментари кои го поделиле мислењето на јавноста. Додека некои го поддржале во критикувањето, истакнувајќи дека таквото однесување е неприфатливо и дека го нарушува угледот на српските туристи, други не гледаат ништо лошо во поставување пешкир на плажа пред доаѓање.
„Еднаш ќе се изнервираш, ќе дојдеш навечер, ќе го собереш сето тоа во вреќа за ѓубре и ќе ја фрлиш во контејнер“, напишал еден Србин.
На него се надоврзала друга корисничка: „Мене ми е срам да го гледам ова, срам за цела нација“.
„Мене ова ме потсетува на некои убави времиња“
Сепак, некои од луѓето признале дека не гледаат никаков проблем во ваквата пракса:
„Не гледам ништо лошо во тоа. Полихроно е место полно со луѓе и секогаш има метеж. Можеби е подобро да си пошол на Малдиви“, напишала една Србинка.
Друга додала:
„Мене ова ми се допаѓа, ме потсетува на некои убави времиња кога сите се сончаа на пешкири, носеа свои чадори, децата играа“.
„Не се мери вредноста на човекот по лежалката“
Србин којшто е туристички водич со 15 години искуство во светскиот туризам, остро реагирал на оваа објава:
„Доколку ти си во можност секој ден да плаќаш 20, 30 или 40 евра за лежалка, тоа не ти дава право да ги навредуваш луѓето кои не можат да си го дозволат тоа, нарекувајќи ги „идиоти“. Дали некогаш си се погледнал во огледало и си се прашал: Што не е во ред со мене? Јас како туристички водич со 15 години искуство, буквално се ежам на вакво примитивно однесување на некој којшто веројатно е и родител.
Вистинската магија на плажата е во едноставноста: пешкир на песок, посебен чадор, малку овошје, грицки и насмевки на лицето. Не „фенси“ локали каде пијалакот чини 15 евра, а лежалката 40. За жал сето тоа се изгуби во ерата искомплексирани мажи и 'напумпани' барбики кои летуваат со туѓи пари“.
Какво е вашето мислење?