Британскиот портал „Телеграф“ објави статија со листа на најубавите и најгрдите крајбрежни места во Европа.
Летувалиштето што ја доби оваа „титула“ не е место каде што би сакале да поминете долго време, поради неговиот изглед и атмосфера, кои не се ни приближно толку привлечни како многу други далматински или истарски градови, велат Британците.
„Постојат крајбрежни бисери, а има и места од кои „болат очите“. Нашите експерти во Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Хрватска, Турција и Грција ги одбраа најубавите и најгрдите крајбрежни градови во Европа“, пишува Телеграф.
На листата на најубавите крајбрежни градови во Европа, британскиот портал ги истакна бисерите од различни земји – од шармантниот Колиур на југот на Франција, преку живописниот Чефалу на Сицилија, до недопрениот Компорта во Португалија. Тука се и Љафранк и Сан Висенте де ла Баркуера во Шпанија, Сити во Крит, грчкиот Нафплио, турскиот Чирали, италијанскиот Камољи, како и Кап Ферет, уште еден француски претставник.
Меѓутоа и еден град од Хрватска се најде беше меѓу избраните: прекрасниот Ровињ, кој со години се смета за едно од најфотогеничните места на Јадранот.
„Убаво место за пауза? Грешите“
Плоче беше прогласено за најгрдото крајбрежно место.
„Местото Плоче, на половина пат помеѓу Дубровник и Сплит, по спектакуларниот, но напорен крајбрежен автопат, лесно може да ве излаже. Делува како логично место за одмор. Всушност, тоа е запуштено пристаниште со петрохемиски терминал и силоси за жито, а се наоѓа на устието на реката Неретва“.
Градот бил развиен за време на Југославија и има железничка линија до Сараево (која сега работи сезонски во лето и нуди прекрасен поглед на долината на Неретва во Босна), а постои и корисна фериботска линија Јадролинија до Трпањ на полуостровот Пељешац. Сепак, ова не е место каде што сакате да останете подолго време“, истакнаа Британците.
Освен Плоче, во најгрдите крајбрежни градови беа вклучени и Монако, Остија во Италија, Кемер во Турција, Линеа де Консепсион во Шпанија, Лаганас во Грција и Албуфеира во Португалија.