Недвижнините во овие три европски земји сѐ попопуларни: Освен поволни цени нудат и визи

Точка

18/06/2025

18:52

2.221

Големина на фонт

а а а

Денес граѓаните сѐ почесто се одлучуваат да купуваат недвижнини и надвор од својата татковина. Локациите на море се многу популарни, а за тоа најмногу придонесуваат релативно ниските цени.

Во Турција, Италија и Грција цените на недвижнини не се многу скапи, но постапката за купување секаде е различна.

Јелена Дукиќ, од порталот „nekretnine.rs“, детално објаснила како изгледа постапката на купување недвижнини во овие три држави.

Таа додала и совети за граѓаните, дека недвижнините подобро е да ги купуваат во делови кои допрва ќе се развиваат затоа што нудат голем потенцијал за во иднина, а цените се попристапни отколку во развиените делови од државите.


Услови за купување недвижнини во Грција

„Грција не овозможува автоматско добивање дозвола за престој по купување на недвижнина. Оваа држава нуди програма со наслов „златна виза“ за купувачите чии недвижнини имаат вредност најмалку 250.000 евра. Оваа виза овозможува престој и слободно патување во внатрешноста на Шенген зоната“, вели Дукиќ.

Услови за купување недвижнини во Турција

„Што се однесува до Турција, недвижнините таму со најмала вредност од 250.000 евра на инвеститорите им нудат добивање на дозвола за престој, која дава право на престој во земјата, но со самото тоа не овозможува вработување. По три години инвеститорите можат да аплицираат за турски пасош, но под услов да ја задржат својата недвижнина“, додала таа.


Услови за купување недвижнини во Италија

„За престој во Италија, инвеститорите кои купуваат недвижнина со вредност од најмалку 300.000 евра, можат да аплицираат за „инвестор виза“. Оваа виза овозможува престој во Италија врз основа на деловни вложувања.

Совет за сите граѓани е доколку сакаат да инвестираат во недвижнини на море, да се фокусираат на подрачја кои штотуку се развиваат затоа што нудат поволни недвижнини, но имаат и потенцијален раст во иднина, како и добро да се информираат за условите на купување и престојот во наведените земји“.


Што влијае на цените на недвижнините?

На формирањето на цените на недвижнините на море покрај состојбата на самиот објект, влијае локацијата, колку областа е развиена и туристичката популарност и атракција.