[ФОТО] Многумина велат – и Пепелашка би ѝ завидувала: Принцезата Шарлин во издание од кое Монте Карло запрел на секунда

Точка

19/06/2025

09:00

1.552

Големина на фонт

а а а

Принцезата Шарлин од Монако повторно докажала дека со право ја носи титулата модна икона.

На затворањето на 64 Фестивал за телевизија во Монте Карло, Шарлин од Монако се појавила во издание кое многумина ги потсетило на Пепелашка, елегантна, софистицирана и целосно неодолива.

Наместо досегашните остри кроеви и смели дезени, принцезата овојпат се појавила во нежна и женствена варијанта – долг фустан во сина боја со потпис на модната куќа „Louis Vuitton“.

Моделот со спуштени раменици и набори во пределот на деколтето, совршено ја истакнал нејзината фигура и внел доза современа бајка на црвениот тепих.

И фризурата ѝ била во знакот на стариот Холивуд, брановидна, имала дискретна шминка и нагласени очи. Комбинацијата на елеганција и едноставност ги маѓепсала присутните, а на социјалните мрежи веднаш се појавиле многу коментари.


Инстаграм профилот посветен на кралскиот стил „royal.fashion.daily“, веднаш го идентификувал овој фустан, а коментарите од воодушевените фанови само се нижеле:

„Ова е прекрасно! Минималистички стил којшто никогаш не станува здодевен“, „Како да излегла од морските бранови, прекрасна боја“, „Изгледа восхитувачки“.

Но, тоа не е сѐ. Принцезата во последно време доминира со летните модни парчиња, а минатата седмица покажала уште две беспрекорни изданија.

Во друштво на принцот Алберт и нивните близнаци, таа прошетала во фустан од дизајнерката Дајана фон Фурстенберг – крем-бела креација со појас и апстрактни делови во топли тонови.

Неколку денови претходно, на дипломатскиот настан во Сен Пол де Ванс, носела спектакуларен фустан од креаторката Емилија Викстед, којшто бил украсен со сини ружи и кројот ја нагласил нејзината силуета.

Едно е сигурно – принцезата Шарлин оваа сезона владее на црвениот тепих, а ние одвај го чекаме нејзиното следно појавување.