Оној којшто сака да доживее 100 години овие 5 намирници треба да ги избегнува – тврди водечкиот експерт за стареење од Италија

Точка

14/06/2025

13:30

4.541

Големина на фонт

а а а

За да понуди практично решение, д-р Валтер Лонго развил диета на долговечноста – клинички тестирана програма направена врз основа на децениски истражувања.

Здравствените експерти со години нагласуваат дека темелот на долговечноста е исхраната. Меѓутоа, еднакво е важно што јадеме, но и она што не го јадеме.

Според водечкиот експерт за стареење и долговечност, постојат пет прехранбени навики кои не треба да ги избегнуваме доколку сакаме да доживееме 100 години и притоа да се чувствувате одлично.

Во големото интервју кое го дал за „Њујорк Тајмс“ во март 2024 година, д-р Валтер, професор по геронтологија и биолошки науки на Институтот за долговечност при Универзитетот во Јужна Калифорнија, го споделил своето знаење за исхраната на најдолговечните луѓе, со посебен нагласок на Италија, својата татковина.


„Италија е неверојатно место за проучување на стареењето“, изјавил д-р Лонго.

„Тоа е вистинска нирвана“. Тој пораснал во Џенова, но често престојувал во Молокија – село познато по големиот број на 100-годишници. Токму тоа искуство го инспирирало животот да го посвети на научно проучување на долговечноста.

Д-р Лонго промовира исхрана под назив „Lite Italian“ која се основа на оригинална медитеранска диета, онаа која ја јаделе нашите предци.

„Јадете веганска храна со малку риба, најмногу два до три пати неделно. Главниот извор на протеини нека бидат мешунките, грав, леблебии, грашок“, советува д-р Лонго.

Основни намирници кои треба да ги вклучите во исхраната:

- Овошје и зеленчук;
- Житарици од цело зрно;
- Мешунки;
- Јаткасти плодови;
- Маслиново масло.

Според д-р Лонго, современата исхрана во Италија повеќе нема многу врска со некогашните здрави медитерански оброци. Наместо тоа, доминираат високо преработените оброци и енергетски густи намирници кои се нарекуваат „отровни“ затоа што го зголемуваат ризикот од болести, гојазност.


Кои пет намирници треба да ги ограничите:

- Пица;
- Тестенини;
- Протеини од црвено преработено месо;
- Компир;
- Леб (особено бел).