Потпечена млада зелка која е повкусна од секое друго јадење со месо – еве како да ја подготвите

Точка

19/06/2025

15:00

527

Големина на фонт

а а а

Ова неодоливо јадење најдобро е да го послужите со кисело млеко или јогурт, едноставно ќе уживате во вкусот.

Состојки:

- 2 пилешки филеа;
- 1 главица кромид;
- 1 црвена пиперка;
- 1 зелена пиперка;
- 1 средна зелка;
- сол, бибер, мелена пиперка;
- 250 милилитри павлака за готвење;
- 1 јајце.


Подготовка:

1. Месото исечкајте го на ситни парчиња, па пропржете го на масло за јадење. Додадете ситно исечкан кромид, пиперка и пржете. Потоа додадете ја исечканата зелка, посолете и додадете ги зачините.

2. Сите состојки помешајте ги и ставете ги во огноотпорен сад, прелијте ги со јајцето, изматената павлака за готвење и додадете малку сол, па ставете го садот во загреана рерна да се пече на 200 степени Целзиусови околу половина час.

Пријатно јадење!