„Таа едноставно не го поднесува органски“: Лица блиски до Меланија тврдат дека разводот од Доналд Трамп е сѐ поизвесен

Кармин

19/06/2025

11:34

1.187

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот новинар Мајк Вулф открива некои пикантерии од животот на Меланија и Доналд Трамп врз основа на кои почнаа шпекулациите за нивниот развод.

Новинарот и биограф Мајк Вулф тврди дека Меланија Трамп не го поднесува својот сопруг Доналд Трамп и дека поради тоа во јавноста во улогата на прва дама се појавува само кога мора.

Во разговор за австралиската емисија „60 Minutes“, Вулф рекол дека директно прашал личност блиска до парот, што всушност се случува меѓу Доналд и Меланија. Одговорот бил брутално искрен:


„Во еден момент прашав некој којшто е близок до нив: Што се случува? Тој некој ме погледна како да сум идиот и рече: Таа едноставно не го поднесува“.

Вулф не верува во јавното претставување за „функционален брак“ кои Трампови се обидуваат да го одржат.

„Тоа се двајца луѓе кои живеат одвоени живот. Сѐ е одвоено. Тие не се заедно“.

Според достапните извештаи, Меланија во текот на вториот мандат на Трамп поминала помалку од четири недели во Белата куќа. Наместо тоа, како што пишува „Радар“, таа „исчезнува од јавноста на една недела, се повлекува во Трамповата кула во Менхетен или на имотот во Флорида“.

Мајк тврди дека постои долго историско незадоволство на Меланија од Доналд:

„Освен фактот што има долга историја во врска со други жени, порноѕвезди и слично и дека едноставно не е фин човек, дека никој не слуша, постои сомнеж дека не ја слуша ниту својата сопруга... Треба ли да продолжам?“


Без оглед на протоколарните должности, Меланија на почетокот на годината се појавила само на неколку јавни настани.

Историчарка и експертка за првите дами, Кетри Џелисон, истакнува:

„Немавме ваква прва дама со низок профил уште од Бес Труман, а тоа беше пред речиси 80 години“.

Меланија и Доналд се венчале во 2005 година, а таа наредната година станала државјанка на САД, со што станала втора прва дама родена надвор од САД.

Анита Макбрајд, експертка за историја и улога на американските први дами, вели:

„Мислам дека тоа е брак којшто за нив функционира. Можеби тоа не е ваша или моја дефиниција за среќен брак, но нивна е.


Без оглед на тоа дали таа е во Њујорк, а тој во Вашингтон или обратно, нивниот живот функционира добро. Затоа мислам дека секоја приказна за тоа дека се несреќни или разделени е губење време. Навистина мислам така“.

Иако службено сѐ уште се претставуваат како претседателски пар, Доналд и Меланија Трамп повеќе делуваат како два паралелни света отколку како единствена целина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk