Партнерот ја посрамоти јавно со предлог за тројка, татко ѝ поминал 6 години во затвор: Љубовниот живот на Џорџа Мелони – најмоќната жена во Италија

Точка

17/06/2025

17:12

2.240

Големина на фонт

а а а

Џорџа Мелони има 48 години и важи за една од највлијателните жени во Италија. Дури ни сериозните приватни и љубовни скандали не успеаја да ја разнишаат нејзината политичка позиција.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, е моќна фигура на светската политичка сцена. Со само 48 години, зад себе има необична животна и љубовна приказна. Деновиве стана вирален хит на интернет поради моментот кога, за време на доверлив разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, заврте очи – гест кој брзо се прошири на социјалните мрежи.

Позната е како „челичната дама“ на Италија – Еди Рама ѝ се поклонува, е пријателка со Макрон, Доналд Трамп ја нарекува „специјален пријател“, а и Илон Маск не ѝ останал рамнодушен. Но, да почнеме од почеток:

Бурното детство на Џорџа Мелони

Родена е на 15 јануари 1977 година во Рим. Татко ѝ, Франческо, ја напуштил семејната куќа кога Џорџа имала само една година и се преселил на Канарските Острови, каде што се оженил повторно и добил уште четири деца. Подоцна, во Шпанија, бил осуден на шест години затвор поради трговија со дрога.

Нејзината мајка, Ана Параторе, била писателка на романси и самостојно ги одгледала Џорџа и нејзината помлада сестра Аријана, која исто така е политички активна и е сопруга на италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида.

Џорџа изјавува дека и покрај сиромаштијата, нејзиното детство било среќно – тие живееле во работничко предградие заедно со самохраната мајка.


Љубовниот живот на Џорџа Мелони

За љубовниот живот на премиерката почна да се зборува особено во септември минатата година, кога папараците ја фатија со заводлив поглед кон Илон Маск на еден гала-настан. Хемијата меѓу нив беше очигледна, а Маск изјави дека Мелони е „убава однадвор, но уште поубава одвнатре“ и дека е „искрена, чесна и грижлива личност“.

Сепак, Маск негираше дека има романтична врска меѓу нив, велејќи дека на настанот бил со својата мајка и дека со Мелони нема „ама баш ништо“.

Година пред тоа, во 2023, љубовниот живот на Мелони беше главна тема во Италија. Таа ја прекина долгогодишната врска со четири години помладиот Андреа Џамбруно, со кого ја има ќерката Џиневра.


Скандалот што го предизвика раскинувањето

Скандалот избувна кога за време на телевизиска пауза, Џамбруно – додека мислеше дека камерите не снимаат – ѝ пријде на една хостеса и ѝ понуди „тројка“, притоа фаќајќи се за меѓуножјето. Таа му рече дека има дечко, а тој продолжи дека „можат и четворица“. Снимката брзо протече во јавноста и беше емитувана неколку пати.

По ова, Џорџа немаше друг избор освен да ја прекине врската со партнерот со кого беше повеќе од 10 години.

Во својата официјална објава, изјави дека „нивните патишта веќе подолго време се разделувале“ и дека објавата за раскинување била нужна реакција. Му се заблагодари на Џамбруно за „прекрасните години заедно“ и за нивната ќерка, но потенцираше дека јавниот скандал не можел да остане незабележан.