Кина и Русија се единствените две земји кои не се сојузници на САД, а имаат докажана способност да лансираат балистички ракети од нивните територии кои можат да го погодат континенталниот дел на САД.
Балистичките и крстосувачка ракети се навидум слични, но се многу различни по функција и движење. Од воените фронтови на Украина и Русија до Иран и Израел, магацините низ целиот свет имаат изобилство на резерви од овие ракети.
Порталот „Arms Control“ пишува дека дури 31 земја моментално поседува балистички ракети, вклучувајќи ги САД и нивните сојузници. Кина и Русија се единствените две земји кои не се сојузници на САД и имаат докажана способност да лансираат балистички ракети од нивните територии што можат да го погодат континенталниот дел на САД.
Па, која е разликата помеѓу балистичките и крстосувачките ракети?
Балистичките ракети се лансираат по висока, закривена траекторија, слична на парабола, честопати излегувајќи од Земјината атмосфера. За време на летот, тие се движат во слободен пад по балистичка траекторија. За навигација се се потпираат на силата на гравитацијата и внатрешните системи за водење.
Ракетниот мотор работи само во почетната фаза од летот, по што ракетата продолжува да се движи по инерција. Овие ракети достигнуваат хиперсонични брзини и можат да имаат дострел од повеќе од 10.000 километри, што ги прави погодни за стратешки цели на голема оддалеченост.
Од друга страна, крстосувачките ракети летаат ниско, следејќи го релјефот на теренот. Тие имаат можност за контрола во текот на целиот лет. Летаат на млазен погон кој работи континуирано, слично на авионските мотори. Имаат помали брзини од балистичките ракети, но можат да патуваат со субсонични или суперсонични брзини, во зависност од дизајнот.
Крстосувачките ракети имаат пократок дострел и најчесто се користат за тактички и прецизни напади. Тие се погодни за прецизни напади врз специфични цели.
Меѓутоа и балистичките и крстосувачките ракети можат да носат нуклеарни боеви глави, но балистичките ракети се користат почесто и систематски за оваа намена – особено во рамките на нуклеарната доктрина на големите сили.