Трамп: Иран требаше да го потпише договорот што му го понудив, сите треба да се евакуираат од Техеран

A1ON.MK

17/06/2025

09:12

1.596

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран никогаш не треба да има нуклеарно оружје и повика на итна евакуација.

„Иран требаше да го потпише договорот што му го понудив. Каква срамота и губење на човечки животи. Едноставно кажано, Иран не може да има нуклеарно оружје. Го повторував тоа одново и одново! Сите треба да се евакуираат од Техеран“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Трамп додаде дека Америка е на прво место и дека слоганот значи многу, вклучително и решителност да се спречи Иран да развива нуклеарно оружје.


Израелскиот премиер пак, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека убиството на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, би го „завршило, а не би го ескалирало“ тековниот конфликт меѓу Израел и Иран.

„Тоа нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши“, рече Нетанјаху во интервју за ABC, коментирајќи ги медиумските извештаи дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, од загриженост дека тоа ќе го ескалира конфликтот.