[ВИДЕО] Актерите кои сите ги обожувавме како мали, станаа сватови: „Децата ќе им бидат гении за комедија – на дедовците“

Точка

30/05/2025

16:15

1.158

Големина на фонт

а а а

Познатите комичари Еди Марфи и Мартин Лоренс официјално станаа сватови.

Имено, синот на Еди, Ерик, и ќерката на Мартин, Јасмин, се венчаа во тајност пред две недели, а среќната вест ја потврди Еди.

„Сите правеа големи планови за свадбата, а потоа решија дека сакаат да направат нешто само за нив двајца“, рекол Еди за време на гостувањето во „Шоуто на Џенифер Хадсон“.


Еди, исто така, се пошегува дека Мартин не мора „сега да плати за свадбата“.

Инаку, Ерик и Јасмин се венчале без пријатели или семејство, само пред свештеник. Еди рекол дека семејната прослава сè уште е во план.

„Веројатно ќе имаме поголема прослава подоцна“, рекол тој.


Двојката се сврши во ноември 2024 година кога Ерик, 35, клекна на едно колено пред 29-годишната Јасмин, во соба украсена со свеќи, бели рози и огромно црвено срце.


Иако нивните татковци се пријатели и колеги, Ерик и Јасмин не се запознале преку нив. Во интервју за „Ин тач викли“, Лоренс откри дека всушност нејзиниот чичко ја запознал со Ерик, а не нејзиниот татко. Тие јавно ја објавија својата врска во јули 2021 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk