Стилски стапици во кои сите паѓаме: Совети за беспрекорна елеганција

Точка

29/05/2025

19:00

898

Големина на фонт

а а а

Во нашата желба секогаш да бидеме во чекор со трендовите, понекогаш несвесно стануваме жртви на модата.

Една од најчестите грешки е прифаќање на сè што модните куќи и инфлуенсерите го препорачуваат, без да размислиме дали тоа нам нѝ прилега.

Наместо тоа, подобар пристап е да ги гледаме трендовите како инспирација. Истражете што се нуди, видете како изгледа на различни форми на тело и во различни комбинации, и дури потоа одлучете што вреди да се вклучи во вашиот стил.

Аксесоари – мали детали што менуваат сè

Чанта со оштетени рабови или чевли со гребнатини можат да го уништат дури и најубаво смислениот изглед.

Редовното чистење и одржување се неопходни ако сакаме да оставиме впечаток на добро негувана жена. Модните детали не се тука за да бидат додаток, тие често го носат целиот изглед.


Носете го она што ве прави среќни

Модата не е маска. Таа треба да биде одраз на вашата личност. Нема ништо лошо во тоа еден ден да носите шарено, а следниот ден целосно црно.

Стилот се менува со текот на времето, како и ние самите. Не срамете се од вашите стари избори, тие беа одраз на она што бевте тогаш. Облекувајте се како што ви вели срцето.


Бидете селективни со трендовите

Продавниците и социјалните мрежи ќе ве бомбардираат со нови модни правила секој март и септември. Тоа не значи дека сè треба да биде во вашиот плакар.

Наместо да го купувате она што е „модерно“ во моментот, изберете го само она што хармонично се вклопува со вашиот стил. Во спротивно, до следната сезона ќе имате плакар полн со работи што повеќе не ги носите.


Долната облека не е детаљ, туку основа

Неправилниот избор на долна облека може да го уништи дури и најскапиот фустан. Изберете долна облека која одговара на облеката што ја носите. Ако носите бело, тогаш беж долната облеката е најдобриот избор.

Ако носите маици или фустани со голи раменици, градник без прерамки е неопходен.


Познавајте го вашето тело – најважниот стилски совет

Ако нешто не ви прилега, иако е во мода, прескокнете го. Светот на модата нуди бесконечни опции.

Со сигурност ќе најдете нешто што истовремено ќе биде убаво и соодветно за формата на вашето тело.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk