[ВИДЕО] Дензел Вашингтон во новата крими-драма – Погледнете го трејлерот

Точка

06/05/2025

15:43

1.594

Големина на фонт

а а а

Филмот „Highest 2 Lowest“ е најновиот проект на режисерот Спајк Ли, кој по речиси две децении повторно ги здружил силите со актерот Дензел Вашингтон.

Оваа криминалистичка драма е модерна реинтерпретација на јапонскиот класик на Акира Куросава од 1963 година „High and Low“, сега сместен во современ Њујорк.


Филмот го следи моќниот музички могул, познат по својот исклучителен слух, кој се соочува со морална дилема кога станува мета на киднапери. Покрај Дензел Вашингтон, во филмот глумат и Асап Роки, Џефри Рајт, Илфенеш Хадера, Дин Винтерс, Џон Даглас Томпсон и Ајс Спајс, на која ова ѝ е актерско деби.

„Highest 2 Lowest“ премиерно ќе биде прикажан надвор од конкуренција на Канскиот филмски фестивал во мај 2025 година, со ограничено киноприкажување кое започнува на 22 август, а глобално ќе биде достапен на „Apple TV+“ почнувајќи од 5 септември 2025 година.