Актерот Хит Леџер беше еден од најдобрите на својата генерација, но за жал почина во 2008 година. Како официјална причина за смртта беше наведено „случајно труење со лекови“.
„Беше моќен уметник посветен на нашата индустрија. Никогаш нема да ја заборавам неговата работа и кој беше тој, неговиот дух. Остави голем впечаток врз мене и многу мои пријатели со кои се дружевме. Жал ми е што не го постигна својот полн потенцијал. Мислам, го постигна, но можеше да направи многу повеќе да не му беше животот прекраток. Остави фантастично наследство“, изјави актерката Наоми Вотс во 2018 година на 10-годишнината од неговата смрт.
Тие двајца неколку години пред неговата смрт биле заедно и важеле за еден од најубавите парови во Холивуд.
Нивната љубовна приказна започнала на филм. Хит Леџер и Наоми Вотс се запoзнале на почетокот на 2000-те кога го снимале филмот „Нед Кели“ во којшто актерот ја толкувал главната улога, а Наоми негова љубов, Џулија Кук.
Актерката години подоцна раскажала дека во тоа време не била „толку запозната“ со работата на Леџер, но веднаш била восхитена од него.
„Помислив, ова момче е прекрасно. Едноставно имаше нешто длабоко во неговите очи. Можевте да ги погледнете и да видите илјадници приказни во еден поглед. Тоа беше прекрасна мешавина на моќ и слабост во работата и во сѐ што правеше, што едноставно ве навлекува. Неговата сила немаше да ве исплаши, таа интригираше. А, неговата фрагилност ќе ве допреше“, изјавила Наоми за „Parade“.
Љубовта меѓу нив веднаш се родила и двајцата својата врска се труделе да ја чуваат далеку од очите на јавноста, но се појавувале заедно на премиери, доделување на награди и разни настани.
Деталите од својата љубов не сакале да ги откриваат, а дури по смртта на актерот, Наоми зборувала како изгледале нивните заеднички денови.
Како што раскажала, времето поминато со Хит Леџер било исполнето со забава и романтика.
„Имавме прекрасна врска. Траеше само неколку години, но тој беше човек исполнет со радост и имаше многу смеа во него. Беше посебна душа и остави голема трага во мојот живот. И, прекрасен актер, знам дека имаше многу повеќе да даде доколку не го спречеше смртта“, изјавила таа.
Тие во текот на 2003 година на кратко се разделиле, а како причина за тоа наведено било темпото на нивната работа.
„Во овој момент од нивниот живот и двајцата се зафатени со кариерите кои ги водат во различни правци. Остануваат блиски пријатели“, изјавил тогаш ПР-от на актерот, Кејт Леџер.
Меѓутоа, кон крајот на истата година, повторно се зближиле. Сепак, гласините за крајот на нивната љубов повторно започнале да кружат, па во текот на 2004 година раскинале кога актерот заминал за Канада да снима филм.
Но, актерот како вистински џентлмен ги отфрлил шпекулациите за раскинување без оглед на тоа што се зборувало дека причина за раскинувањето е нивната разлика во годините која изнесувала 11.
Наводно, Наоми сакала да основа семејство, а Хит Леџер не бил подготвен за тоа. Иронија е тоа што тој една година подоцна доби дете со Мишел Вилијамс со која се зближил во текот на снимање на филм.
Како што истакнала актерката во една прилика, Наоми раскинувањето го опишала како неизбежно: „Мислам дека длабоко во себе и двајцата знаевме дека тоа не е засекогаш“.
Актерите и по раскинувањето останале во добри односи.
Како што спомнавме, по раскинувањето со Наоми, актерот бил во врска со Мишел Вилијамс, додека Наоми во 2006 година стапила во врска со актерот Лив Шрајбер со којшто има две деца.
Актерите раскинале по 11 години, а таа моментално е во брак со Били Крудап.