Поради емотивната порака од Селма Хаек која му ја упатила на својот сопруг: „Ти си моето сонце, мојата сила, мојата светлина, мојата радост, мојата љубов“, се нижат грди коментари, а вистината е целосно поразлична.
Љубовта на актерката Селма Хаек со избраникот на нејзиното срце започнала со смешен и глупав разговор за фудбалот и науката.
Иако на почеток не знаеле дека нивниот разговор ќе стане основа за сериозна врска, Селма се присетува како уште тогаш го забележала неговиот шарм и интелект.
„Започнавме разговор за фудбалот, а потоа преминавме на вселената и физиката“, се присетила филмската ѕвезда, додавајќи дека и двајцата се заљубени во тие теми. Подоцна сфатила дека токму Франсоа Анри е нејзиниот идеален партнер.
Селма и Франсоа имаат четири деца, заедно едно и три деца од нивните претходни бракови.
Актерката, Валентина ја родила на 41 година, а за неа тоа било чудо затоа што отсекогаш сакала големо семејство.
„Никогаш не се откажав од желбата да имам многу деца“, изјавила таа, истакнувајќи дека е благодарна на големото семејство.
На неговиот 61 роденден, Селма споделила романтична фотографија со сопругот на која го бакнува и го прегрнува, со емотивна порака:
„Среќен роденден ми амор. Ти си моето сонце, мојата сила, мојата светлина, мојата радост, мојата љубов“.
Нејзината нежна порака предизвикала бројни реакции меѓу обожавателите, но не биле сите позитивни.
Иако поголем дел од обожавателите се среќни поради нивниот заеднички момент, имало и такви кои ја критикувале разликата во изгледот меѓу Селма и Франсоа.
Некои дури го поставиле прашањето: „Дали тоа е нејзиниот татко?“ или „Дали тоа е нејзиниот дедо?“.
Исто така се појавиле и коментари кои тврделе дека Селма е во брак без љубов. Еден корисник на социјалните мрежи напишал: „Се венчала за него само поради пари“.
Меѓутоа, иако многумина сметаат дека Франсоа е значително постар од Селма, разликата во годините меѓу нив е само пет години. Селма има 56 години, а нејзиниот сопруг 61, па коментарите за него како нејзин татко или дедо се целосно непотребни.
Од друга страна, Селма е свесна за сите гласини за својот брак. Иако многумина тврделе дека бракот е „договорен“ и дека поради пари е со него, таа останала рамнодушна: „Мислете што сакате, мене тоа не ме погодува. Го запознав и веднаш ми беше привлечен. Беше шармантен, самоуверен и згоден. Кога се венчав за него, сите коментираа дека тоа е брак од интерес, но не се лутев заради тоа“, изјавила Селма.