[ВИДЕО] Актерката со богатство проценето на 20 милиони долари ја покажала својата кујна, луѓето во чудо: „Би ми било срам да имам таква кујна“

Точка

07/05/2025

18:59

3.199

Големина на фонт

а а а

Синтија Никсон, актерката најпозната по улогата на Миранда Хобс во серијата Сексот и градот, неодамна ги изненади следбениците на Инстаграм со видео во кое покажа како изгледа кујната во нејзината куќа во Монтаук.

59-годишната актерка, чие богатство се проценува на 20 милиони долари, во видеото покажала скромна кујна со керамика на ѕидовите и пластични садови.

Погледнете го видеото.


Никсон објаснила дека во моментот подготвува кафе, а потоа ги покажала старинските тенџериња и разните чинии, но и се пофалила дека во својата градина одгледува разновиден зеленчук и зачини.

Поделени реакции

Видеото предизвикало различни реакции, а додека некои ја пофалиле „автентичноста на кујната“, други немале пофални зборови.

„Би ми било срам да имам таква кујна“, „Жено, имаш многу садови“, „Супер tи се вазните“, „Ти благодарам што имаш нормална кујна“, „Конечно, кујна на селебрити што изгледа како некој да ја користи!“, „Ова е најдоброто што сум го видел денес“, „Ја сакам автентичноста во оваа“, „Ја сакам автентичноста во оваа кујна“, „Ја сакам твојата едноставност, баш како што треба да биде“, „Сакаме да ја видиме градината“ се само дел од коментарите под видеото.


За потсетување, Никсон се враќа во улогата на Миранда Хобс во третата сезона на серијата „Just Like That“, спин-оф на Сексот и градот. Премиерата на третата сезона е закажана за 29 мај. Епизодите ќе се емитуваат еднаш неделно, а финалето на сезоната е на 14 август.