[ФОТО] Некогашниот секс-симбол го отфрлил изгледот на фатална заводничка и никој не ја препознал: Без шминка и фризура која ја опишуваат „стил за локална библиотекарка“

Точка

06/05/2025

14:00

2.989

Големина на фонт

а а а

Памела Андерсон, некогашниот секс-симбол и икона на црвениот тепих, се појавила на овогодишната Мет гала во целосно неочекувано издание – без шминка и со фризура која многумина ја опишале како „стил за локална библиотекарка“.

На црвениот тепих на настанот којшто ги носи најголемите светски ѕвезди од светот на модата и филмот, на популарната Мет гала 2025 година, Памела Андерсон се појавила со својот син, но реакциите не биле нималку гламурозни.


Многумина биле изненадени, не поради нејзиниот стил туку поради тоа што одвај ја препознале.

„Некој да не ми кажеше дека тоа е Памела Андерсон, би помислил дека станува збор за некоја баба која залутала на Мет гала“, бил еден од коментарите на социјалните мрежи.


Без грам шминка, со едноставна фризура која многу ја опишале како „фризура од локален фризерски салон за тетки“, Памела свесно го отфрлила имиџот на секс-симбол.

Но, сепак реакциите биле поделени: додека едни ја пофалиле нејзината храброст и целосно природен изглед, други сметаат дека ваквото јавно појавување е непримерно во однос на настанот на којшто присуствувала.

„Изгледа како да дошла да го земе синот од матура, а не да застане на црвениот тепих“, коментирале луѓето.


Што мислите вие за ова издание на Памела Андерсон?