Актерката Ен Хатавеј (42), според многумина изгледала половина од нејзината возраст на Мет Галата 2025, само неколку недели откако започнаа гласините за естетските корекции.
Актерката се појавила на црвениот тепих на Мет Гала облечена во бела предимензионирана кошула од Каролина Херера и црно-бело пругасто здолниште со перли.
„Не изгледа како да има толку години“
Косата ја носела подигната во високо опавче, што дополнително го истакнало нејзиното лице. Одбрала минималистичка шминка со акцент на чиста кожа, а ѕвездата од филмот „The Devil Wears Prada“ уште еднаш ги подгреала шпекулациите за можните козметички зафати.
Anne Hathaway attends the 2025 Met Gala. pic.twitter.com/IJNmwHL76r
— 📸 (@metgalacrave) May 5, 2025
„Ен Хатавеј не старее, човеку“, „Ѓаволот носи Прада 2. Ен Хатавеј, никогаш не старееш“, „Не изгледа како да има толку години“, „Мора да му се јавам на дерматологот и да го порачам пакетот Ен Хатавеј/Линдзи Лохан“, се само дел од коментарите.
Нејзиниот младолик изглед стана тема на дискусија уште минатиот месец, откако таа се појави во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за есен 2025 година.
Watch on TikTok
Темата била фокусирана на стилот на афроамериканскиот маж
Инаку, Мет Гала традиционално се одржува првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот во Њујорк, а освен што собира познати личности од светот на модата, музиката и филмот, има и хуманитарен карактер – се собираат средства за Институтот за костимографија.
Овогодишната тема на Мет Гала беше „Superfine: Tailoring Black Style“. Гостите требало да го претстават стилот на афроамериканските мажи, од 18 век до денес.
Дрес кодот „Tailored for You“ на гостите им дал можност да го изразат својот стил преку персонализирани кроеви и реинтерпретација на машката мода.