Мексиканско-американската актерка Салма Хајек и на 58-годишна возраст важи за една од најубавите жени на светот, а на последните фотографии од одморот покажа дека не се плаши од стареењето, гордо покажувајќи го своето лице без шминка и побелените прамени во црната коса.
Хајек на нејзиниот Инстаграм сподели фотографии кои ја доловуваат атмосферата од одморот, а на дел од нив позирала без тронка шминка.
Исто така, актерката ги покажала и нејзините побелени прамени кои се спојуваат со нејзината природно темнокафеава коса.
Хајек позирала во костим за капење кој ги истакнал нејзините облини по кои со децении е препознатлива.
Меѓутоа и покрај тоа што не се плаши од стареењето, Хајек неодамна откри дека направила естетска операција за подмладување. Станува збор за ултразвучна процедура за подигнување на кожата и зголемување на колагенот.
„Сакав мојот сопруг да каже „Вау“ кога ќе ме погледне. Сакам да се чувствувам добро во однос на мојот изглед, но не сакам да изгледам како да имам 20 години“, рече таа.
Таа исто така нагласи дека е повозбудена поради тоа што е во педесеттите: „Тоа е поинаков вид на убавина“, изјави таа во интервју за магазинот „People“.