Возач од Велика Британија реши да се „пошегува“ покажувајќи среден прст кон камерата што контролира користење на безбедносен појас – но кармата не доцнеше.
Набргу по гестот, доби казна од 300 фунти (околу 350 евра) – не заради непристојниот гест, туку затоа што неговата девојка не била правилно врзана.
На фотографијата се гледа дека појасот минува под нејзината рака, наместо преку рамото и градите, како што налагаат законите за безбедност. Иако на возачот сè му изгледало како шега, камерата го документирала прекршокот, а казната стигнала многу брзо.
„И покажав среден прст на камерата за појаси како шега. Испадна дека девојката не беше правилно врзана. Добив казна од 300 фунти – изгледа шегата беше на моја сметка“, напиша тој во објава на "Reddit".
Во коментарите се огласија бројни корисници, споделувајќи сопствени искуства. Некои го поддржаа, но повеќето потенцираа колку важно е користењето на безбедносниот појас за преживување во сообраќајни несреќи.
Еден од нив раскажа дека појасот му го спасил животот при судир со комбе, кога колената му пробиле низ контролната табла.
Flipped off the seatbelt cam for laughs. Joke’s on me — girlfriend wasn’t strapped in right. $400 fine.
byu/99centcheeseburger inmildlyinfuriating
„Ми рекоа дека сум преживеал благодарение на појасот – и со многу среќа“, напиша тој.
Друг сподели како неговиот брат изгубил контрола врз автомобилот во снежна бура и се лизнал наназад преку крстосница. Подоцна добил фотографија од полицијата со порака: „Нема казна, мило ни е што си добро. Веруваме дека ќе ја сакаш оваа слика“, на која се гледало неговото преплашено лице.
Трет коментатор раскажа трауматично искуство од детството – го ставил појасот зад грб, а неговата мајка удрила во бандера со брзина од 50 км/ч. Тој и брат му удриле со главите во предните седишта, двајцата со скршени носеви. Брат му завршил и на операција.
„Никогаш повеќе“, завршува тој.
Пораката од сите приказни е иста – безбедносниот појас спасува животи. Иако возачот можеби сакал само забавна фотографија, од оваа ситуација извлече една важна лекција за сообраќајната безбедност.