Фотографите ја „улоивиле“ славната пејачка Бритни Спирс на аеродромот во Мексико во друштво на непознат маж кој во рацете држел кукла бебе кое го прекрил со ќебе.
Многумина минувачи ја забележале необичната глетка на познатата ѕвезда, која на излегување носела црн дуксер, кој го искомбинирала со шорцеви, сандали и очила за сонце, пишува „Пејџ сикс“.
Американската пејачка веќе изненади со своето необично однесување кога пред неколку години во видео ја покажа истата кукла бебе на своите следбеници.
„Добив бебе луѓе, станав мајка. Правам мала пауза од секојдневното снимање дома! Нејзината соба е прекрасна и се вика Бренан… дури и личиме! Моето прво девојче!“, изјавила таа.
Според најновите информации, Бритни Спирс и нејзиниот партнер Пол Солиз повторно раскинале во февруари 2025 година. Нивната врска беше позната по честите раскинувања и помирувања, а претходно се разделија во јули 2024 година поради сомневање дека Солиз го искористува нејзиниот животен стил. По последното раскинување, Солиз го напушти домот на Бритни во областа Лос Анџелес, пишува „Пејџ сикс“.
Britney Spears is joined by a creepy companion as she arrives in Mexico for vacation https://t.co/si3MOWP509 pic.twitter.com/EXWsYrHkg8
— New York Post (@nypost) April 13, 2025
Во меѓувреме, Бритни исто така предизвика загриженост кај обожавателите поради своите објави на социјалните мрежи, особено поради провокативните фотографии на кои позира гола.
Таа во своите мемоари „Жената во мене“ објасни дека ужива во таквото изразување, бидејќи често била фотографирана во текот на кариерата, а сега се чувствува слободна да ја покаже својата убавина и сензуалност. Меѓутоа, некои обожаватели изразија загриженост, коментирајќи дека нејзиното однесување е невообичаено и дека може да побара помош.
Овие необични објави и однесување дополнително ја зголемија загриженоста за нејзиното ментално здравје.