[ВИДЕО] Цените на храната на познатиот музички фестивал шокираа многумина – Овој оброк чини повеќе од 100 долари

Точка

15/04/2025

17:09

1.062

Големина на фонт

а а а

Посетителите на Коачела (Coachella), едниот од најпознатите музички фестивали во светот, кој се одржува во пустината Колорадо, се шокирани од цените на храната и пијалаците, а на социјалните мрежи се појавија бројни негативни коментари.

Коачела привлекува повеќе од 100.000 посетители секоја година, вклучувајќи и многу познати личности како Џеф Безос и Тејлор Свифт. Оваа година настапуваат Лејди Гага, „Charli XCX“, Грин Деј, Пост Мелоун, Меган Ти Стелион и други.


Меѓутоа корисничката на ТикТок, Рут Виверос, го споделила нејзиното искуство со храната на фестивалот. Таа рекла дека купила лимонада од 17 долари додека чекала такоси и снимила две порции такос и една порција начос.

„Луѓе, ова е храна која чини 102 долари. Нема да лажам, не е вкусно. Воопшто не е вкусно. Тортиљите беа речиси замрзнати“, рекла таа.

Таа на овој оброк му дала оценка 5 од 10, а многу нејзини следбеници не можат да поверуваат дека потрошила толку многу пари за оброците.

Watch on TikTok


„Коачела е бедна „замка за пари“ во која паѓаат сите“, „Фактот дека влезницата чини 600 долари и дека уште морате да платите за просечна храна ме разбеснуваат“, „Ова е криминално“, беа само дел од коментарите.

Инаку, Виверос не е единствената која го изразила своето незадоволство. Реакциите се шират и на Редит. Еден корисник изјавил дека почетната цена на намирниците е 15-20 долари и дека просечниот оброк чини околу 20-30 долари.