Човек што ја ценеше славата и парите повеќе од семејството: Го нарекуваа гениј, но се откажа од сопственото дете

Точка

15/04/2025

20:20

1.577

Големина на фонт

а а а

Низ галеријата на комплексни филмски ликови, Хопкинс остави неизбришлива трага – и во историјата на филмот и во колективната свест на публиката ширум светот.

Велшкиот актерски великан, сер Ентони Хопкинс, отсекогаш важеше за човек со необична актерска енергија, речиси застрашувачка харизма и извонреден интензитет. Неговите најпознати улоги најчесто беа резервирани за комплексни, емоционално скршени или психички нестабилни ликови – мажи кои тетерават по работ на лудилото, носат длабоки трауми или отелотворуваат чисто зло.


Врвот на неговата кариера дојде во раните 1990-ти, кога во 1991 година застана пред камерите во улогата по која ќе остане засекогаш запаметен – канибалистичкиот сериски убиец Ханибал Лектор во филмот „Тишината на јагнињата“. Покрај него се истакна и младата Џоди Фостер, но сите очи беа вперени во Хопкинс. Неговата интерпретација на Лектор беше морничаво сугестивна, интелектуално студена, а истовремено магнетно привлечна. Иако во филмот се појавува само 17 минути, тоа беше доволно за да го добие најпрестижното филмско признание – Оскар за најдобра главна машка улога. Интересно е што токму оваа улога е најкратката во историјата на Оскарите што ја освоиле статуетката во главната категорија.


Филмот стана глобален феномен, добивајќи ги сите најзначајни награди, вклучувајќи ги Оскарите за најдобар филм, режија и главна женска улога. Ханибал Лектор, во интерпретација на Хопкинс, беше прогласен за најголемиот филмски негативец на сите времиња од страна на Американскиот филмски институт. Хопкинс се врати на овој лик уште два пати – во „Ханибал“ (2001) и „Црвениот змеј“ (2002), секојпат повторно шокирајќи ја публиката со начинот на кој ја открива темната страна на човечката психа.

Но, зад актерската брилијантност на екранот, во приватниот живот Хопкинс често делуваше повлечено, непредвидливо и – како што самиот признава – емотивно оддалечено.


Неговиот прв брак беше со Пенелопе Бартли, со која се ожени во 1968 година. Иако почетокот изгледаше како идиличен, по само неколку месеци нивниот брак се претвори во низи на разочарувања и растечка фрустрација. Во тој период Хопкинс почнал да пие, а алкохолот станал дел од неговото секојдневие. Наместо да му се посвети на семејството, тој ѝ даде приоритет на кариерата – нешто што длабоко ја повреди неговата сопруга. Следната година се родила нивната ќерка Абигејл, но ни доаѓањето на детето не било доволно за да се спаси бракот. По разводот, Ентони брзо се емоционално оддалечил од својата ќерка.

Во 1973 година се оженил со актерката и режисерка Џенифер Лејтон, со која останал речиси три децении во брак. Иако оваа врска беше поцврста, и таа не го издржа тестот на времето – парот се разведе во 2002 година.


Не долго потоа, Ентони ја запознава љубовта на својот живот – Аргентинката Стела Аројав, која тој ја опишува како „најдоброто нешто што му се случило“. Како што вели, таа му помогнала да се избори со демоните од минатото, да ја надмине депресијата и засекогаш да се откаже од алкохолот. Денес, тие двајца се сè уште во среќен брак и ретко се појавуваат во јавноста.


Сепак, и покрај сите негови актерски успеси и признанија, Хопкинс останува во фокусот на јавноста поради нарушената врска со неговата ќерка. Тој често ја шокира јавноста со брутално искрени изјави. Отворено призна дека нема никаков контакт со Абигејл, дека не го интересира нејзиниот живот, ниту пак има намера да воспостави врска. „Не ми е гајле за семејните недоразбирања“, изјави тој во едно интервју, додавајќи дека е „прилично рамнодушен“ кон својата, сега 48-годишна, ќерка.


Многумина ги оценија неговите зборови како студени и сурови, а јавноста и медиумите не го криеја шокот. Додека светот продолжува да го слави неговиот уметнички придонес, останува прашањето – дали зад маската на генијален актер се крие човек кој свесно ја избра самотијата, дури и по цена да ја изгуби сопствената крв?