[ФОТО] Џони Деп ги шокираше фановите: Во новиот филм потполно е непрепознатлив

Точка

15/04/2025

22:03

2.857

Големина на фонт

а а а

Џони Деп по подолга пауза се враќа на глумата во голем стил со улогата во филмот „Day Drinker“, за кој бил подготвен за целосна трансформација на својот изглед, со што прилично ги изненади обожавателите.

На првата фотографија од сетот се гледа Деп со чаша во рака и мрачен поглед кон камерата, а сите веднаш ја забележаа големата промена во неговиот изглед – неговата долга коса е речиси целосно седа, како и брадата, поради што славниот актер изгледа многу постар отколку што сме навикнати да го гледаме.


Во филмот „Day Drinker“, 61-годишниот Деп глуми „мистериозен“ гостин на луксузна јахта, каде што запознава една келнерка, а нивната врска набрзо се заплеткува во мрежа од криминал и тајни. Една од главните улоги ја толкува и Пенелопе Круз, а според синопсисот, ликовите ќе бидат поврзани „на начини на кои никој не можел да предвиди“.

За Џони Деп и Пенелопе Круз ова е четврта заедничка соработка на големото платно.