Целосна трансформација на синот на Шварценегер: Порано полничко момче, денес девојките воздивнуваат по него

Точка

14/04/2025

23:02

11.004

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер има тројца синови, а за Кристофер Шварценегер често велат дека воопшто не личи на својот славен татко, бидејќи изгледа сосема поинаку. Арнолд е познат по улогата во „Терминатор“, како и по многу други филмови во кои со гордост го покажуваше своето мускулесто тело по кое е препознатлив ширум светот.

Но, Кристофер Шварценегер отсекогаш бил, како што народски се вели, „елегантно пополнет“, односно имал вишок килограми. Денес, тоа повеќе не е случај – Кристофер направи сериозна трансформација и сега предизвикува воздишки кај припадничките на понежниот пол.


Фотографијата од новиот изглед на Кристофер ја објави неговата сестра Кетрин, на која се гледаат четирите деца на славниот актер.


„Си постави цел да живее поздраво и се придржуваше до тоа. Почна да вежба и да избира поквалитетна храна. Порано живееше како типичен студент на колеџ, но сега порасна и подготвен е подобро да се грижи за себе. Не беше на некоја брза диета – слабееше на старомоден начин, со вежбање и намалување на внесот на брза и калорична храна“, изјавил извор близок до синот на Арнолд пред две години.

Очигледно е дека се работи за долготраен процес кој носи видливи резултати.