Британската манекенка Кара Делевињ го посетила овогодишниот музички фестивал „Коачела“ и покажала голема трансформација по започнувањето на лекувањето од зависност од алкохол.
На фестивалот кој се одржал во калифорниската пустина, Кара ги посетила „Capital Records Party“ и „Revolve забавата“, а нејзиното доаѓање не поминало незабележано со оглед на нејзиниот изглед и енергија.
Борбата против зависноста ја започнала во 2022 година
Делевињ го започнала своето лекување во 2022 година, кога решила да се пријави на програма за рехабилитација, набргу откако се појавија фотографии на кои изгледала исцрпено и нервозно. Оттогаш поминала долг пат, а на Коачела, изгледала блескаво облечена во црни шорцови и кафеава маичка. Изгледот го надополнила со Прада сандали, златни обетки и алки.
Во интервју за „Variety“, Кара отворено прозборела за своето патување кон трезвеноста, нагласувајќи ја важноста на комуникацијата и искреноста со себе. „Ако јас можам да го направам тоа, секој може да го направи“, истакнала манекенката. Таа додала дека процесот на закрепнување е исклучително предизвикувачки, но дека е важно да бидете искрени и отворено да зборувате за вашата борба.
„Алкохолот ме правеше тажна и депресивна“
Во неодамнешното интервју за „Vogue“, Делевињ ја објаснила одлуката да се пријави на програма за рехабилитација, велејќи дека сфатила дека тоа е најдобриот начин за долгорочно закрепнување, бидејќи тоа е „лековито и нуди заедница која ви помогна да закрепнете“.
Оваа година, Кара рекла дека лекувањето од зависност било клучно за нејзината емоционална стабилност. „Понекогаш мислев дека дрогата и алкохолот ми помагаат подобро да се справам со животот, но всушност ме правеа тажна и депресивна. Сега се чувствувам како повторно да ја добив моќта“, заклучила таа.