"Ducati" понуди "Lamborghini" на две тркала – и ја откри цената

Точка

12/04/2025

09:43

2.500

Големина на фонт

а а а

Мотоциклот е инспириран од новиот модел на "Lamborghini".

Како што можеби претпоставувате, станува збор за "Revuelto", кој послужи како инспирација за создавање на овој мотоцикл наменет за избрани купувачи. Накусо, "Ducati" понуди мотоцикл што најдобро го претставува концептот на „Lamborghini на два тркала“.

Како што и самото име открива, "Ducati Panigale V4 Lamborghini" се базира на моделот "Panigale V4 S". А кога станува збор за цената – таа дури ги надминува и некои спортски автомобили. Додека основниот "Panigale V4 S" чини 34.790 евра, за Lamborghini верзијата ќе треба да издвоите дури 74.400 евра. За споредба, уште поскапата верзија "Tricolore Italia" чини 85.000 евра.


Причината за високата цена е новиот, екстремно атрактивен дизајн на каросеријата. Изработена е од карбон, со уникатен заден дел, ново седиште и алуминиумски тркала инспирирани од "Revuelto". Впечатокот го заокружува издувниот систем на "Akrapovič" изработен од титаниум.


Мотоциклот тежи 185 килограми, што е 2.3 кг помалку од стандардниот модел. Сепак, и понатаму зборуваме за 1.1-литарски мотор со 218.5 коњски сили и 122.1 Nm вртежен момент.


И на крај, едно важно појаснување: "Ducati" ќе произведе само 630 примероци од овој модел. Но, на сопствениците на "Lamborghini" ќе им биде понудена уште поексклузивна верзија – "Panigale V4 Lamborghini Speciale Clienti", која ќе чини повеќе од 92.000 евра.