Чаша полна уживање – Кремаст десерт за секоја пригода

Точка

08/04/2025

19:01

5.687

Големина на фонт

а а а

Овој кремаст десерт во чаша комбинира лесни и освежителни состојки во совршена рамнотежа. Пудингот од ванила и шлагот нудат богата и мека текстура, додека мелените бисквити додаваат доза на крцкавост.

Најголемиот адут на овој десерт се шумските плодови, кои внесуваат свежина, правејќи го секој залак посебен. Идеален е за оние кои сакаат благи, но и сакаат да уживаат во благодатите на овошјето.


Состојки

1 пудинг од ванила

1 шлаг крем од ванила

700 мл млеко

100 гр мелени бисквити

300 гр шумско овошје

100 гр шеќер

Подготовка

Изматете го шлагот кремот според упатството од пакувањето. Во сад ставете путер и шеќер, загрејте ги и потоа додадете го шумското овошје. Мешајте додека да се соединат состојките, а потоа оставете ја смесата да се излади.

Сварете го пудингот според упатството на пакувањето. Во чаша ставете мелени бисквити, а одозгора еден слој пудинг, па шумско овошје. Повторете ја постапката сè додека не ги потрошите состојките, а на крајот додадете шлаг. Оставете да се излади, па послужете го десертот.

Извор: Bosanska kuhinja


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk