Лука Дончиќ влезе во посакуван ритам на последните 20 натпревари и стандардно постигнуваше над 20 поени, но овојпат имаше и едно катастрофално издание, и тоа во дерби пресметката со Голден Стејт.
За првпат после две години, Дончиќ не успеа да погоди ниту една тројка на официјален меч во НБА лигата, па така стави крај на една одлична серија која траеше 114 натпревари.
Словенецот имаше катастрофална шутерска ноќ (6/17 од игра) и не реализираше ниту една тројка од шест обиди, а токму поради тоа падна во втор план учинокот од 19 поени, осум скокови и седум асистенции.
Luka Doncic didn’t hit a three tonight.
— Real Sports (@realapp_) April 4, 2025
His streak of 114 games comes to an end. pic.twitter.com/K9B52GbJHy
Низата промашувања го оставија ЛеБрон Џејмс во ситуација да бара вистински сојузник во Ривс, но тоа не беше доволно за победа над „воините“.
Гостите предводени од фантастичниот Стеф Кари победија со 116:123, а токму импресивниот шутер беше најдобар поединец на паркетот со 37 поени. ЛеБрон го заврши мечот со 33 поени, Ривс од Лејкерс запиша 31, додека во Голден Стејт се истакна и Подзиемски со 28 поени.
НБА резултати:
Филаделфија – Милвоки 113:126
Вашингтон – Орландо 97:109
Мајами – Мемфис 108:110
Торонто – Портланд 103:112
Бруклин – Минесота 90:105
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 116:123