Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк со месеци наназад чекаа преговори и нови договори од Ливерпул, па иако се дојде во ситуација да бидат поблиску до заминување, последните информациите се дека дошло до голем пресврт во последните неколку дена.
Неколку угледни и респектабилни извори од Англија уверуваат дека двете големи ѕвезди нема да го следат примерот на Трент Александер Арнолд, односно за разлика од десениот бек, одлучиле да ги сослушаат водечките луѓе на клубот и да ги приближат ставовите за нови договори.
Ван Дајк самиот пред неколку дена изјави дека имало позитивни движења во преговорите и дека набрзо очекува позитивни вести, но во меѓувреме, Мо Салах веќе ја решил својата иднина, такашто постигнал дефинитивен договор за останување на „Енфилд Роуд“.
Египќанецот самиот во повеќе наврати зборуваше за себе како играч кој е со една ипол нога надвор од Ливерпул, меѓутоа работите доживеале нова епизода откако преговорите биле рестартирани во изминатите неколку дена.
Салах брзо се договорил за нова соработка со „црвените“, а неговиот чекор ќе го следи и Ван Дајк кој ќе остане да биде капитен на првиот тим.