[ФОТО] Познатиот фудбалер јавно се одрекол од ќерката – Претходно дознал како заработува 100.000 евра месечно

Точка

09/04/2025

19:40

6.455

Големина на фонт

а а а

Поранешниот везист на Премиер лигата, Дејвид Дан, ги прекинал сите контакти со својата ќерка Миа, откако открил како таа заработува.

Имено поранешниот фудбалер на Блекбурн Роверс, Дан, со повеќе од 250 настапи во Премиер лигата, ги прекинал сите контакти со својата ќерка Миа Винвард-Дан, откако открил дека таа заработува повеќе од 100.000 евра месечно од „OnlyFans“.


Миа, која сега има 19 години, се најде на насловните страници во Велика Британија откако во интервју за „The Sun“ открила дека нејзиниот однос со родителите – Ден и актерката Семи Винвард – целосно бил прекинат кога дознале дека таа креира содржина за платформата за возрасни.

„Татко ми ме нарече телефонска проститутка“

Миа изјавила дека заработува и до 100.000 евра месечно од нејзината содржина, но тој успех ја прекинал врската со нејзините родители.


„Се обидов да им објаснам на моите родители, но тие ме навредуваа и ми го блокираа бројот“, рекла младата девојка.

„Татко ми ме нарече телефонска проститутка. Веќе немам никаков контакт со него. Тоа што го прават е срамота“, додала Миа.

И покрај тешките зборови, Миа истакнала дека сепак сака да го поправи односот со родителите.

„Им испратив порака, им се извинив и им објаснив дека немав лоши намери. Ги сакам моите родители. Можеби тие не ме сакаат мене, но јас ги сакам со целото мое срце“.

„Мислам дека не е правилно да се отстрани член од семејството и да се навредува. Имам само 19 години – само што го започнувам животот“, додала Миа.

Инаку, Дејвид Дан своевремено важел за еден од најголемите таленти од средниот ред во англискиот фудбал. Во Премиер лигата забележал 251 настап и постигнал 37 голови, најмногу за Блекбурн Роверс, каде го освоил Лига Купот во 2002 година.


Откако се преселил во Бирмингем Сити во 2003 година, повредите го забавиле неговиот напредок, а на крајот се вратил во Блекбурн во 2007 година.


Тој и актерката Семи Винвард, позната по улогата во Емердејл, биле свршени и ја добиле ќерката Миа. Инаку Ден има уште три деца со неговата сопруга Хејли.