Слика од соблекувалната ја покажа неверојатната трансформација на Балде од работата со Ханси Флик

Дерби

04/04/2025

11:26

1.805

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик е познат како тренер кој посебно внимание обрнува на физичката подготовка на своите фудбалери, а веднаш по доаѓањето во Барселона, младите играчи на каталонскиот клуб добро почувствуваа за што точно се работи.

Флик направи фудаблски „ѕверови“ од неколку играчи на Баерн Минхен во својата етапа во германскиот великан, па покрај спектакуларната игра која ја негува, Ханси се издвојува од останатите тренери и по напорните физички тренинзи и истрајноста која ја бара на зелениот терен.

Ако се суди од досега одиграното, напорните летни подготовки вродија со плод и играчите на Барселона изгледаат сосема поинаку од пред една година, а во изминатите неколку часа, посебен хит стана фотографијата од „Метрополитано“.

По остварената победа во полуфиналето во Копа дел Реј, во фокусот се најде младиот лев бек Балде, кој всушност се претстави со неверојатно зголемена мускулна маса, која дефинитивно е резултат од напорната работа под водство на Флик.

Германецот нешто слично направи и со Леон Горецка во Баерн, па ова е втор извонреден пример за тоа како неговата методологија донесе огромна трансформација кај еден фудбалер.