Според голем дел од фановите на Челси, Роберт Санчес е најлошиот голман во поновата историја на лондонскиот великан, па иако прими еден смешен гол и на вчерашниот натпревар со Тотенхем, судбината на крајот посака Шпанецот да прерасне во херој.
Санчес најпрво имаше среќа што беше поништен голот за 1:1 кој го постигна Сар по една негова ужасна реакција (поради прекршок во зачетокот на акцијата), но кога дојде моментот на вистината, по се изгледа ја изведе одбраната на кариерата како голман на Челси.
По еден напад кој одеше од десната страна, Џонсон одлично и несебично ја сврте топката во срцето на шеснаесетникот, а таму беше Хеунг Мин Сон кој обично е немилосрден во вакви ситуации.
Напаѓачот на Тотенхем успеа да ја зафати топката, но Санчес со акробатска парада предвреме ја намириса опасноста и со својот потег спречи чист гол.
Санчес со својата одбрана ги воодушеви соиграчите, а после долго време украде и аплаузи од преполните трибини на „Стемфорд Бриџ“.
Одбраната погледнете ја ТУКА.
Robert Sanchez producing acrobatics to deny Son Heung-min in the 90th minute! 🤸#CHETOT pic.twitter.com/qJKWOGXtnx
— Premier League (@premierleague) April 3, 2025