Новата Samsung Galaxy A серија пристигнува во Северна Македонија

Точка

28/03/2025

12:15

1.657

Големина на фонт

а а а

Лансирањето на овие прекрасни Galaxy телефони доаѓа со исклучителна промоција за повеќе Galaxy производи.

Samsung Electronics официјално ја започнува продажбата на новата Galaxy A серија, која ги вклучува моделите Galaxy A56 5G, Galaxy A36 5G и Galaxy A26 5G. Со фокус на унапредување на веќе одличното корисничко искуство, најновите модели носат напредни функции базирани на вештачка интелигенција, унапреден систем на камери и зголемена издржливост, обезбедувајќи сигурно и долготрајно мобилно искуство.

Попаметно секојдневие со Awesome Intelligence

Новата Galaxy A серија ја воведува функцијата Awesome Intelligence, која носи напредни AI можности во секојдневните задачи. Функцијата Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google) им овозможува на корисниците брзо да најдат информации само со заокружување на елемент на екранот. Функцијата Music Search овозможува лесно препознавање на песни што одат во позадина, додека AI-поддржаното Резимирање (Summarization) овозможува брзо разбирање на содржини, правејќи го пребарувањето информации поефикасно од кога било. Овие иновативни функции го поедноставуваат секојдневието и овозможуваат поинтуитивно искуство при користење на паметен телефон.


Унапредете ја креативноста со Awesome Camera

Љубителите на фотографијата ќе ги ценат подобрувањата на Awesome Camera, дизајнирани за унапредување на креативноста. Новите опции за функциите Selfie и Filters нудат персонализирани подобрувања за извонредни автопортрети, додека функцијата Nightography овозможува остри и детални фотографии дури и во услови на слаба осветленост. Функцијата Object Eraser им овозможува на корисниците лесно да ги отстранат несаканите елементи од фотографиите, а HDR Selfie Video го подобрува видеото со живописни бои и висок контраст. Со овие напредни функции, корисниците можат да ги снимат и уредат своите моменти со прецизност и креативност на професионално ниво – секоја кадар станува ремек-дело.


Сигурни перформанси со Awesome Fundamentals

Основните вредности на Galaxy A серијата обезбедуваат непречено и сигурно корисничко искуство. Со надградени процесори за подобри перформанси, екрани со висок квалитет за имересивни визуелни содржини и долгорочна софтверска поддршка преку продолжени надградби на оперативниот систем, овие паметни телефони се создадени за долготрајна употреба. Безбедносниот пакет Samsung Knox нуди повеќеслојна заштита, обезбедувајќи сигурност на корисничките податоци и безбедна мобилна околина. Со зајакната издржливост, отпорност на вода и прашина, како и оптимизирана батерија, новите Galaxy A уреди се дизајнирани да ги задоволат потребите на современите корисници – без разлика дали се користат за работа, забава или секојдневна комуникација.


Со новата Galaxy A серија, Samsung ја продолжува својата мисија да донесе иновации базирани на вештачка интелигенција до уште повеќе корисници, обезбедувајќи непречено и пријатно искуство со паметен телефон за сите. Комбинацијата од интелигентни функции, исклучителна камера и моќни перформанси ја прави Galaxy A серијата совршен избор за секого што бара сигурен и богат со функции паметен уред.

Новата Galaxy A серија ќе се нуди во неколку бои. Galaxy A56 5G ќе се нуди во следните бои: феноменална графитна, феноменална светлосива, феноменална маслинеста и феноменална розова боја, Galaxy A36 5G ќе се нуди во следните бои: феноменална лаванда, феноменална лимета, феноменална бела и феноменална црна боја, а Galaxy A26 5G ќе се нуди во следните бои: бела, ментол зелена и црна боја.

Комерцијален текст