Протекоа рендери на најтенкиот "Samsung" телефон

Точка

29/03/2025

12:16

1.982

Големина на фонт

а а а

Најтенкиот телефон – "Galaxy S25 Edge" – е уред кој многумина со нетрпение го очекуваат, откако компанијата го најави на "Unpacked" настанот во јануари. Официјалното лансирање сè уште не е одржано, а според гласините, треба да се случи на 16 април. Во меѓувреме, се појавија наводни официјални рендери, кои го откриваат дизајнот на уредот.

Фотографиите, кои ги објави "WinFuture", наводно го прикажуваат "S25 Edge" во три официјални бои – "Titanium Jet Black" (црна), "Titanium Icy Blue" (ледено сина) и "Titanium Silver" (сребрена). Имињата на боите сугерираат дека рамката на телефонот ќе биде изработена од титан, слично како кај моделот "S25 Ultra".

Наликува на "Galaxy S25+"

Според прикажаните рендери, "S25 Edge" изгледа слично на "Galaxy S25+", но има само две задни камери. Гласините сугерираат дека главната камера ќе биде 200 MP, исто како кај "Galaxy S25 Ultra", а ќе ја придружува ултраширока аголна камера од 12 MP.

Се очекува телефонот да има 6.7-инчен "Dynamic LTPO AMOLED" дисплеј со "FHD+" резолуција и стапка на освежување од 1 до 120 Hz, пренесува "GSM Arena". Според достапните информации, "Galaxy S25 Edge" ќе биде дебел само 5.84 mm и ќе тежи 162 грама, што го прави најтенкиот и најлесниот "Samsung" телефон во последните неколку години.

Моќен хардвер, но со помала батерија

Наводно, уредот ќе биде опремен со "Qualcomm Snapdragon 8 Elite for Galaxy" чипсет, во комбинација со 12 GB RAM меморија. Батеријата ќе биде со капацитет од 3900 mAh, што е 100 mAh помалку од "Galaxy S25", правејќи ја најмалата батерија во" S2"5 серијата.

Жичното полнење, според гласините, ќе биде ограничено на брзина од 25 W.