Познат скијач и неговиот татко го загубија животот во пожар

Точка

27/03/2025

15:14

2.343

Големина на фонт

а а а

Трагичен настан ја зави Турција во црно - Познат скијач и неговиот татко го загубија животот во пожар.

Како што пренесуваат турските медиуми, пожар избувнал на скијалиштето Улудаг во провинцијата Бурса, при што две лица загинале, а уште две се повредени.

Меѓу жртвите се Јахја Уста (57) и Беркин Уста (25), татко и син кои оставија значаен белег во светот на скијањето.

Причината за пожарот на скијалиштето во северозападна Турција сè уште се истражува. Хотелот во кој биле сместени таткото и синот, а во кој запчнал пожарот, бил затворен уште од јануари поради недостаток на туристички сертификат. Според турските медиуми, во моментот на избувнувањето на пожарот во зградата имало 12 лица, вклучувајќи го и семејството Уста. Огнот избувнал околу 5:30 часот наутро, а локалните служби брзо реагирале, но два живота не успеале да бидат спасени.



„На местото на пожарот веднаш интервенираа 110 вработени од различни јавни институции и организации, по што пожарот беше ставен под контрола и започна процесот на ладење. Интервентните екипи спасија 12 лица од хотелот. За жал, две лица го загубија животот. На загинатите им посакуваме Божја милост, а на повредените брзо закрепнување“, се наведува во соопштението на локалните власти, пренесува "Јутарњи".

Јахја Уста во моментот на трагедијата беше претседател на Турската скијачка и сноуборд федерација, додека неговиот син Беркин беше 24-годишен скијач. Во својата кратка кариера веќе настапуваше на Зимските олимписки игри во Пекинг, а во 2023 година се натпреваруваше на Сљеме во трките во велеслалом и слалом.