[ФУДБАЛ] Меси му го посвети голот на Новак Ѓоковиќ

Макфакс

30/03/2025

10:48

3.512

Големина на фонт

а а а

(Видео) Меси му го посвети голот на Новак Ѓоковиќ

Меси беше надвор од терените од 16-ти март поради повреда, ги пропушти меѓународните натпревари со националниот тим, а веднаш по враќањето, тој покажа колку е решителен на теренот.

За многумина овојпат беше помалку важно како Меси го постигна голот, туку како го прослави. Инспирација му беше Новак Ѓоковиќ, со кого неодамна се сретна на турнир во Мајами, каде Новак стигна до финалето.

Потоа се сликаа, се дружеа, разговараа, а по голот против Филаделфија, Меси уште еднаш ја покажа својата наклонетост кон најдобриот на сите времиња – го прослави голот симулирајќи удар со форхенд.

Новак дефинитивно ќе биде среќен кога ќе види колкава почит има од оној што многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња и како тоа му го покажува на целиот свет.

Голот на Меси против Филаделфија беше негов втор сезонава во МЛС лигата.