Новинар ги потврди најлошите сомнежи: Откриено во каква состојба се наоѓа Михаел Шумахер –

Точка

26/03/2025

19:38

6.501

Големина на фонт

а а а

„Најмногу 20 луѓе смеат да му се приближат, и според мене, тоа е вистинскиот пристап. Неговото семејство постапува во негов најдобар интерес“, смета новинарот Феликс Горнер.

Легендарниот возач на Формула 1 и повеќекратен светски шампион Михаел Шумахер е далеку од очите на јавноста веќе повеќе од десет години. Германецот во 2013 година доживеа тешка повреда при скијање, кога со главата удри во карпа. По несреќата падна во кома, а по излегувањето од болница се наоѓа на домашно лекување.


Неговото семејство строго го контролира пристапот до славниот возач. Само најблискиот круг на пријатели и роднини имаат можност да го посетат, а тие не откриваат детали за неговата состојба. Јавноста и понатаму се прашува што навистина се случува со светскиот шампион, но информациите се ретки, а често кружат и разни шпекулации.


„Ситуацијата е навистина тажна. Тој е личност која има потреба од постојана нега и е целосно зависен од негувателите. Не може повеќе да се изразува вербално,“ изјави новинарот на "RTL", Феликс Горнер, кој со години внимателно ја следеше кариерата на славниот возач.


„Најмногу 20 луѓе смеат да му се приближат, и според мене, тоа е вистинскиот пристап. Неговото семејство постапува во негов најдобар интерес. Тој отсекогаш го штител својот приватен живот и тоа нема да се промени,“ заклучи германскиот новинар.