Херојот на мадридскиот Реал полека станува Килијан Мбапе. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата е доведен токму за вакви моменти – да биде „меч-винер“. Французинот беше клучен играч во победата на Реал против Леганес (3:2) во саботата, постигнувајќи гол од пенал и победничкиот погодок во 76. минута.
Двапати Марко Дмитровиќ мораше да ја вади топката од мрежата – првиот пат по паметно изведениот пенал, а вториот пат по слободен удар, каде што Мбапе доби одбиена топка и ја испрати во мрежата.
Сите критики на сметка на Мбапе полека губат основа кога ќе се погледнат статистичките параметри. Според нив, Французинот има ист број голови како Кристијано Роналдо во својата прва сезона во Мадрид.
Сепак, Португалецот ги постигна 33 голови на 35 натпревари, додека на неговиот наследник му беа потребни десет натпревари повеќе. Но, тоа воопшто не го намалува неговиот импресивен ефект.
Реал продолжува со потерата по Барселона на врвот на Ла Лига, а подолу можете да видите како Мбапе го постигна победничкиот гол во саботата.
И за крај – едно прашање околу кое се води дебата на социјалните мрежи: Дали овој гол треба да се брои како погодок од слободен удар или не?
Некои статистички платформи погрешно го заведоа како прв гол од слободен удар на Французинот, што отвора нова полемика меѓу фудбалските фанови.