Херој или криминалец? „Верувајте им на вашите деца“

Точка

24/03/2025

16:38

2.305

Големина на фонт

а а а

Поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија, Кејн Веласкез, за првпат јавно проговори за страшниот инцидент што го доведе до обвинение за обид за убиство.

Дали се сеќавате на поранешниот УФЦ борец Кејн Веласкез, кој беше обвинет за обид за убиство откако се обиде да се одмазди за своето дете кое било сексуално злоставувано од воспитувач?

Веласкез се соочува со затворска казна поради настанот од февруари 2022 година, кога по автомобилска брканица, со пиштол пукал во човекот што го злоставувал неговиот син.


Веласкез: „Не смееме да го земаме законот во свои раце“

„Она што можам да го кажам е дека не постапив како што требаше. Не смееме да го земаме законот во свои раце. Веќе признав вина и ја чекам пресудата. Знам што направив. Знам дека загрозив и невини луѓе. Сè разбирам и подготвен сум да направам сè што е потребно за да се оддолжам.

Што и да одлучи судот, ќе го прифатам со крената глава и немам намера никого да обвинувам“, изјави Веласкез во еден поткаст.

Иако Веласкез не ја погодил личноста кон која пукал, туку неговиот татко, се верува дека нема да добие голема казна.


„Верувајте им на вашите деца“

„Тоа што го направив не беше исправно. Го разбирам тоа. Ја платив и ќе ја платам цената за тоа. Не верувам дека некогаш ќе можам целосно да се оддолжам, но можам да научам од своите грешки и да им помогнам на другите.

Постојат информации за одредени луѓе што не ги знаете. Верувајте им на вашите деца. Имајте отворена комуникација со нив. Одењето со нив во тоалет додека се мали гради доверба. Зборувајте за сè, што е прифатливо, а што не е, за да знаат дали нешто лошо се случило или не.

Колку сме посвесни, толку повеќе мрачни работи ќе бидат осветлени“, порача поранешниот УФЦ шампион.