Каков потег: Магичниот Јокиќ ја има асистенцијата на годината во НБА лигата

Дерби

27/03/2025

11:56

2.052

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ се врати на терените, а во својот прв натпревар „експлодираше“ во соочувањето со Милвоки Бакс со трипл-дабл партија од 39 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Србинот беше нерешлива енигма за Бакси и со своето издание го предводеше Денвер Нагетс до славје од 127:117, славје број 46 во оваа сезона.

Јокиќ е познат по тоа што фантастично ја чита играта и знае да изведе потег во вистинско време, па рано утрово видовме нова магија од него, мајсторија која веќе дел од јавноста, публиката ја гледа како асистенција на годината во НБА лигата.