Кристијано Роналдо и во 40. година од својот живот е активен португалски репрезентативец, играч кој постојано е во почетната постава на селекцијата која пред неколку дена обезбеди пласман на завршниот турнир во Лигата на нации.
Ветеранот не се прослави во двомечот со Данска, беше лош на првото соочување во Копенхаген, на реваншот даде гол, ама и промаши пенал, па одново не доби некоја висока оценка за настапот.
Веќе се почество во јавноста се поставува прашањето за неговата улога и дали е време некој друг да добие поголема шанса, да биде во прв план, а еден кој смета дека тоа треба да биде направено е Дитмар Хаман.
- Влијанието на Кристијано Роналдо беше многу ограничено на последното ЕП и мислам дека треба да се има предвид на ова Светско првенство, тој ќе биде уште една година постар. Тој сè уште постигнува голови, но тие имаат добри напаѓачи како Рамош кои не можат да добијат натпревар, мислам дека е време некој друг да има шанса да блесне во тимот. Ако го видиме на Светското првенство, би бил многу изненаден ако има големо влијание, - истакна Хаман.