Заминувањето на Донатела Версаче од „Версаче“ предизвика „земјотрес“ во светот на модата, а таа беше заслужна за неколку фустани на црвениот тепих кои го освоија целиот свет, а еден од нив е „најпознатиот фустан на светот“ – оној кој го проби интернетот во 2000 година.
За прв пат во 47-годишната историја на луксузниот моден бренд, со него ќе управува некој кој не го носи презимето Версаче. Вчера Донатела Версаче објави дека се повлекува од дизајнерската позиција и ќе ја наследи Дарио Витале, поранешниот главен креативен директор на брендот „Miu Miu“.
„Најголема чест во мојот живот беше да го продолжам наследството на мојот брат Џани“, рекла Донатела во изјавата споделена на социјалните мрежи, „Тој беше вистински гениј, но се надевам дека ќе имам дел од неговиот дух и истрајност. Во мојата нова улога како главен амбасадор на брендот, ќе останам најстраствениот поддржувач на Версаче. Версаче секогаш е во моето срце“.
Донатела ја презеде модната куќа „Версаче“ во 1997 година кога нејзиниот брат Џани Версаче трагично почина на 50-годишна возраст.
Кога станува збор за моментите на црвениот тепих и настаните со ѕвезди, Донатела ги имаше своите креации на секое големо доделување на награди во светот, а меѓу најзначајните креации кои го „освоија“ светот се некои од следниве.
Првиот на листата секако е „најпознатиот фустан на светот“, но и фустанот познат како оној што го „скрши интернетот“ – се работи за фустанот што Џенифер Лопез го носеше на доделувањето на Греми наградите во 2000 година.
jennifer lopez’s silk versace dress for the 2000 grammy awards pic.twitter.com/j5zEdiyVte
— m ✨ (@PRADAXBBY) June 29, 2019
Фустанот што го носеше Џенифер беше толку впечатлив што поради бројот на пребарувања на гугл се создаде опцијата гугл имиџис (Google Images) – пребарување по фотографии.
„Фустанот беше доволно провокативен, претпоставувам, за навистина да ги заинтересира луѓето“, изјави Лопез за „Вог“ години подоцна, на 20-годишнината од неговото носење.
Стана најпребаруваниот термин на гугл во тоа време, рече поранешниот извршен директор на „Гугл“, Ерик Шмит.
\
Меѓу познатите креации на Донатела Версаче, се и оние на Бритни Спирс на пистата во 2003 година во Милано, Џенифер Гарнер облечена во фустан од Версаче во филмот „13 Going on 30“, Анџелина Џоли на премиерата на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, како и Блејк Лајвли на Мет Гала во 2018.