Модната недела во Париз, која завршува денес, по десетдневни возбудливи модни настани, ни донесе бројни модни трендови, меѓу кои се истакна оној кој долната облека ја става во преден план, како централен дел од стајлингот и ја претвора во облека.
Голотијата и те како била застапена на оваа манифестација, па иако многумина ги критикуваат Кање Вест и Бјанка Сенсори за разголената мода, многумина го прифатија овој стил, а меѓу нив е и унгарската манекенка Барбара Палвин.
Бројни светски дизајнери ја прифатија голотијата како моден диктат, како да е нешто неизбежно, па не сакаат да ја загубат трката во наметнување и промовирање „голи“ модели. Канје Вест сè уште е оспоруван поради маркетингот на шокантните креации што ги носи неговата сопруга Бјанка Ценсори, а работите не би биле поинакви дури и кога би изостанале ваквите негови срамни потези.
Гледано исклучиво од еден агол, Вест знае да ги предвиди модните трендови многу порано од кој било друг, а тој самиот ја иницираше ерата на голотијата, која зема голем замав дури и во 2025 година.
Таквата мода ја следи и манекенката Барбара Палвин, па на неодамна одржаната ревија на Баленсијага во Париз каде беше прикажана колекцијата есен/зима 2025/26 година, таа носела мини фустан, кој бил налик долга маица за спиење. Носела и подвезици и чорапи со тантела, а долната облека повеќе ја откривала отколку што ја прикривала, целосно во склад со најпопуларниот тренд што го сака и Алесандра Амбросио, па се појавила во слично издание во Париз.
Барбара носела и минималистичка чанта и како комплетен комплимент на тој детаљ и целокупниот стајлинг, најголемиот капут досега. Моделот „square oversize“ не криел ништо, напротив. Да го закопчала манекенката ова парче облека, едвај би се видела низ капутот, а во оваа комбинација голотијата уште повеќе доаѓа до израз.
На некои луѓе им се допаднал стајлингот, но многумина го велат следново: „Ја сакам, но не мора да носи сè што ќе ѝ кажат“, „Ова е аутфит“, „Зошто се сите голи? Не е убаво ниту елегантно“, „Изгледа како ѕвезда од филм за возрасни“, „Сè е убаво, но мораше ли да ја покажеш својата долна облека, изгледаш како проститутка“.
За многумина нејзиниот стајлинг е сведен на вулгарност, а дали вие би го следеле овој тренд? Од Париз пристигнува и овој моден диктат кој ѝ се допаднал и на Џесика Алба.
Познатата манекенка Барбара Палвин која соработувала со Викторија Сикрет е едно од омилените лица во светот на модата. Таа постигнала бројни успеси покрај нејзиниот сопруг, актерот Дилан Спроус, поранешна детска телевизиска ѕвезда. Тие биле заедно долго време, а во 2023 година се венчале во нејзината родна Унгарија.