[ФОТО] Бела Хадид ги покажа атрибутите во проѕирниот фустан: Се најде во центарот на вниманието на модната недела во Париз

Точка

12/03/2025

16:09

729

Големина на фонт

а а а

Бела Хадид се појави на ревијата на брендот Ив Сен Лоран во рамки на модната недела во Париз, а благодарение на проѕирниот фустан од тантела, се најде во центарот на вниманието.

Станува збор за креација на гореспоменатата француска модна куќа за есен/зима 2025/2026 година, а косата на познатата манекенка ѝ беше врзана во пунџа. Изгледот го надополни со едноставна шминка, ѓердан и шпицести потпетици.



Инаку ова беше прв пат Хадид да се прошета на пистата по шоуто на Викторија Сикрет на кое се појави во октомври минатата година.




Исто така многу познати личности пристигнаа во Париз за да присуствуваат на модниот спектакл, па така Бела од првиот ред ја следеа Кејт Мос, Хејли Бибер, Зои Кравиц, Чарли XCX и други.


Меѓутоа манекенката неодамна се впушти и во дизајнерски води. Имено, таа претстави колекција костими за капење која ја дизајнирала во соработка со брендот „Frankies Bikinis“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk