Истражувањето кое го спровеле научници од Националниот институт за кардиологија во Варшава покажала дека бракот го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, но не и кај жените.
Глобалната стапка на дебелина е драстично зголемена од 1990 година, а се проценува дека до 2050 година повеќе од половина од возрасните и една третина од децата ќе бидат со прекумерна тежина или дебели, пренесе „The Guardian“.
Иако факторите како лошата исхрана, недостатокот на физичка активност, генетиката и здравствените проблеми се веќе познати како причини за дебелината, научниците сакаа да истражат и други фактори.
Истражувањето, кое опфатило 2.405 луѓе на возраст од 50 и повеќе години, користело статистичка анализа за да ја утврди поврзаноста помеѓу зголемувањето на телесната тежина и различни фактори како што се возраста, брачниот статус, менталното здравје и други фактори.
Истражувањето покажало дека оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од неженетите, додека бракот не го зголемува ризикот од дебелина кај жените.
Исто така, бракот ја зголемил веројатноста мажите да имаат прекумерна тежина за 62 отсто, а жените за 39 отсто.
Претходните истражувања, вклучително и студијата спроведена во Кина во 2024 година, потврдиле дека индексот на телесна маса (БМИ) кај мажите се зголемува во првите пет години од бракот поради зголемениот внес на калории и недостатокот на физичка активност.
Авторите на истражувањето во Варшава наведоа дека возраста и депресијата значително влијаеле на дебелината, при што секоја година на старост го зголемува ризикот од прекумерна тежина за три отсто кај мажите и четири отсто кај жените.
Исто така, депресијата го удвоила ризикот од дебелина кај жените, додека лошата здравствена писменост го зголемила ризикот за 43 отсто.
Овие фактори немале влијание врз мажите. Студијата ги потврди претходните истражувања, вклучително и работата на Џоан Сеарде од Универзитетот во Бат, која во 2017 година откри дека БМИ кај мажите се зголемува по бракот и се намалува пред и по разводот.
Експертите истакнале дека зголемувањето на БМИ кај мажите може да биде резултат на стресни кариери и нездрава исхрана и ја нагласиле потребата од специфичен пристап за решавање на проблемот со дебелината кај мажите и жените.