[ФОТО] Од ријалити ѕвезда до амбициозна млада жена: Како изгледа денес Honey Boo Boo

Точка

14/03/2025

13:15

1.520

Големина на фонт

а а а

Honey Boo Boo денес изгледа неверојатно.

Алана Томпсон, попозната како Honey Boo Boo, стана позната како мало девојче кога нејзината мајка ја пријави на натпревар за убавина. Иако многумина сметаа дека нема шанси да победи поради вишокот килограми, нејзиниот симпатичен изглед ѝ донесе огромна популарност.

По успехот на натпреварите, нејзината мајка, Џун Шенон, реши да ја направи ѕвезда на ријалити шоуто Here Comes Honey Boo Boo. Целото нејзино семејство се борело со прекумерна тежина, а подоцна било откриено што стоело зад тоа.


Тајниот рецепт на мама Џун: тестенини со путер и енергетски пијалоци

Мама Џун била изложена на остри критики и осуда од јавноста, бидејќи многумина ја сметале за несовесна мајка. Причината? Нејзината ќерка била хранета со тестенини преполни со путер – семеен рецепт што довел до морбидна дебелина.

Дополнително, Алана добивала „специјални сокови“ од мајка си, за кои подоцна се открило дека биле енергетски пијалоци.


Со текот на времето, во јавноста излегоа и други контроверзии. Мама Џун била уапсена поради поседување опијати, а нејзиниот љубовен живот бил исто толку турбулентен. Еден од нејзините партнери, Марк МекДаниел, бил осуден за злоупотреба на деца, што дополнително ја засилило негативната слика за неа.

Од тешко детство до големи амбиции

Иако детството ѝ било исполнето со контроверзии и несекојдневно опкружување, Алана Томпсон денес има 19 години и е на чекор до остварување на својата најголема цел – да стане медицинска сестра.


„Сакам да бидам најдобрата верзија од себе, но исто така сакам да заработувам пари. Се трудам на секое поле и сакам да ги добијам сите А на училиште. ‘Старата Алана’ нема никаква врска со ‘новата Алана’“, изјави таа во едно интервју.


Од ријалити ѕвезда до амбициозна млада жена, патот на Honey Boo Boo е доказ дека, и покрај тешкото минато, секогаш постои можност за промена и нов почеток.