Ријана откажала шест планирани настапи во Лондон неколку денови пред и официјално да ги најави, пренесе „The Sun“.
Наводно, пејачката требала да одржи серија настапи во јули кои би го означиле нејзиното враќање на сцената. Таа, наводно, ги откажала настапите на таен состанок, на кој кажала дека мисли дека нејзините песни сè уште не се подготвени.
Девет години без турнеја
„Ријана немала турнеја повеќе од осум години, а плановите за враќање на сцената се во развој најмалку три години. Беше возбудена што ќе се врати на настапите бидејќи дефинитивно има побарувачка“, рекол упатен извор.
„Сè уште не е вистинското време за тоа. Минатата недела таа неочекувано рече дека не сака да продолжи со концертите во јули како што беше планирано“, додал изворот. Инаку, последната турнеја на Ријана, „Anti-World Tour“, се одржа во 2016 година. Таа ја искористи и за промовирање на нејзиниот последен албум Анти, кој вклучува хитови како „Work“ (дует со Дрејк) и „Needed Me“.
Најави нов албум
Потсетуваме кон крајот на февруари пејачката потврди дека работи на својот нов, деветти албум.
„Сето ова време што немав напишано песни мора да биде вредно за слушање. Мора да биде важно. Морам да им покажам (на обожавателите) дека вредело да се чека. Не можам да издадам ништо просечно. По чекањето осум години, можете да почекате уште малку“, рече таа во интервју за „Harper’s Bazaar“.