[ВИДЕО] Бред Пит и Кери Кондон ги „запалија“ социјалните мрежи со интимната сцена

Точка

14/03/2025

16:01

1.191

Големина на фонт

а а а

Бред Пит е главната ѕвезда на претстојниот „Ф1“ филм. Премиерата на филмот е закажана за 27-ми јуни оваа година. Во филмот Пит толкува искусен Формула 1 возач кој и покрај годините сепак успева да освојува победнички подиуми. Меѓутоа, на патеката проблеми му создава младиот, љубоморен ривал.

Покрај него, важна улога има и женскиот лик, кој го толкува ирската актерка Кери Кондон.

Нивната страсна сцена со бакнеж во лифтот веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. „Ух, што ќе биде ова“, „Причината поради која ќе го гледам филмот“, „Ајде да ја започнеме трката“ беа само дел од коментарите на „Х“.

Воодушеви со голото торзо

Потсетуваме Бред неодамна го покажа своето голо торзо и ги воодушеви обожавателките ширум светот. На промотивната фотографија за истиот филм, 61-годишниот актер откри импресивен број тетоважи, меѓу кои и посвета на Анџелина Џоли, нивните шест деца и натписи со лично значење.


На фотографијата додека лежи на жолт кауч облечен во светли панталони, на неговите гради и раце видливи се низа натписи и симболи. Тетоважите се вистински, а не се дел од неговата филмска улога. Инаку Бред почнал да се тетовира во текот на врската со Анџелина, која е позната по бројните тетоважи, а многумина забележале дека некои негови тетоважи наликуваат на нејзините.